Мрежата за рурален развој на Република Македонија објавува трет повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.

Поддршката за овој повик е обезбедена од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, во рамки на компонентата за јакнење на капацитетите.

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на Образец А – Образец за предлог проект, вклучувајќи го Образец Б – Буџет и Образец В – Изјава за партнерство, и сите потребни прилози. Бараните формулари се дадени во прилог.

Краен рок за поднесување на апликацијата е 16 март 2016 година, до 16:00 часот.

1. Повик за поддршка на проектни иницијативи
2. Образец А- Пријава за проект
3. Образец Б – Буџет
4. Образец В – Изјава за партнерство
Прашања и одговори

 

Одобрени проектни иницијативи од овој повик

Благодарност до сите коишто аплициравте на Повикот за проектни иницијативи на членките на МРР, со референтен број 08-013/01

Беше донесена одлука за финансиска поддршка на следниве проектни иницијативи:

1.    „Биди пчелар!“
Апликант: Здружение на жени земјоделки АГРО – ВИНКА
Партнер: Здружение за развој, едукација и еколошка етика ПОЛИМАТ 13 Богданци

2.     „Магичниот пат на органското производство“
Апликант: Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО
Партнер: Здружение на жени земјоделки  ” АГРО-ВИНКА ”

3.    „Едукација и поддршка на млади пчелари од Струшкиот регион ПЧЕЛАРСТВОТО-ДОХОДОВЕН БИЗНИС“
Апликант: Здружение Креативен центар РУРБАНКУЛТ
Партнер: Здружение на пчелари МАТИЦА

4.    „ Едукација на земјоделските производители за заштита на животната средина од прекумерна употреба на минерални ѓубрива и пестициди“
Апликант: Еколошко друштво Грашница
Партнер: Еколошко здружение ЕНХАЛОН

5.    „Традиционални специјалитети од Малешевијата“
Апликант: Здружение – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“
Партнер: Еколошко друштво “ Солза”

6.    „ Шумските пожари и нивното влијание врз руралниот развој и климатските промени“
Апликант: Национално здружение на сопственици на приватни шуми
Партнер: Регионален центар за застапување

7.    „Подобра животна средина“
Апликант: Еколошко друштво „Кладенец“
Партнер: Организација на жените на Пехчево