Климатските промени, кои се манифестираат преку долги сушни периоди, намалени врнежи, но и константно зголемување на температурите на месечно и годишно ниво, имаат особено штетно влијание во земјоделството.

Со цел јакнење на јавната свест за предизвиците и ефектите од климатските промени  во земјоделскиот сектор, Мрежата за рурален развој на Република Македонија во текот на месец јуни организираше 4 работилници во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени. Работилниците беа организирани во четири локации на Република Македонија кои се опфатени со проектот. Со помош на советниците од техничкиот тим формиран од АПРЗ, успешно беа организирани работилниците во Неготино на 12 јуни,  во Куманово на 15 јуни, во Богданци на 19 јуни и во Струмица на 21 јуни. На настаните присуствуваа земјоделци од регионот, претставници од локалната самоуправа, како и советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).

МЕРКИ ЗА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО ГРАДИНАРСТВОТО

Покровни култури (затревување) на овошни и лозови насади

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПРИМЕНА НА ЗАШТИТНИ УВ МРЕЖИ И Т-СИСТЕМ НА РЕЗИДБА ВО ЛОЗАРСТВОТО

МИКРОНАВОДНУВАЊЕ