Проекти на МРР

Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина

 

Регионалниот проект „Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина“ ги вклучува следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Хрватска. Проектот „Академија Од фарма до Вилушка“ - е имплементиран од националните мрежи за рурален развој во шесте земји од Западен Балкан (ЗБ-6) и Хрватска и нивната регионална платформа за соработка Балканска мрежа за рурален развој (БМРР).

Наслов на проектот: „Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина“

Финансиран од: Европската комисија, за регионалните тематски мрежи на граѓански организации, EuropeAid/174154/DH/ACT/Multi, Лот 3: Зелена и дигитална транзиција

Проектен регион: ЗБ-6 земји и Хрватска

Водечка организација: Албанска мрежа за рурален развој

Времетраење: 16.01.2023 – 15.01.2027

Буџет: 1.442.183,16 евра

Линк до официјална Фејсбук страница на проектот: Farm to Fork Academy

 

Целосниот документ со информации за проектот може да го погледнете на овој линк.