Проекти на МРР

Вмрежување и застапување за зелена економија

         

 

Опис на проектот

Овој тригодишен проект, започнат во април 2018 година, го спроведуваат 7 партнерски организации од Балканот  од кои една е од земја на ЕУ: Мрежа за рурален развој на РМ, Мрежа за рурален развој во БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија,  Албанската мрежа за рурален развој и Хрватската Мрежа за рурален развој.

Општата цел на проектот е да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и влијанието на  Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) и нејзините членови во процесот на носење одлуки преку вклучување во процесите на реформи на земјоделските и руралните програми  со цел воведување на концептот на зелена економија.

Проектот има три специфични цели:

  • Зајакнување на капацитетите на малите, локални граѓански организации  во однос на општите принципи на работа, застапување и вмрежување, за да можат да ја остварат својата улога на застапници за земјоделски и рурални реформи, на транспарентен и отчетен начин;
  • Воведување на концептот на зелена економија како единствен меѓусекторски претприемачки модел за рурална диверзификација и одржливост;
  • БМРР и нејзините членови го користат пристапот за развој на политиките засновани на докази и застапување засновано на правата за да ги поттикнат националните процеси на приближување кон заедничката европска земјоделска политика (EU CAP) и промовирање на зелената економија.

Како резултат на предложената активност, ќе се зајакнат капацитетите за вмрежување и застапување на БМРР,ќе се постигне нејзино поголемо препознавање, проширено влијание и засилено учество во процесите на донесување одлуки во политиките.

Целна група на проектот се 900 претставници на мали, локални граѓански организации, најмалку 7.000 различни чинители, 200 мали граѓански организации, членови на партнерите и најмалку 70 претставници на локалните и националните медиуми.

Директни корисници на проектот се граѓанските организации, првенствено, мали, локални организации активни во руралниот развој и диверзификацијата, како и во заштитата на животната средина и заштитата на природата. Директните крајни корисници се руралното население, земјоделците и агробизнисите, како и претприемачите, кои сакаат да инвестираат во зелена економија

Донатор: Европска Комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,071,269.13 евра, од кои 964,069.13 (89.99%) се финансии од Европска Унија.  

Обука за обучувачи за зелена економија и претприемништво

На 13-ти и 14-ти март, во Скопје, проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“, во рамките на специфичниот програмски модул за обука, организираше обука на обучувачи фокусирана на зелена економија и претприемништво.

Прочитај повеќе...

Обука за обучувачи за застапување, лобирање и вмрежување

Проектот Вмрежување и застапување за зелена економија започна со имплементација на обука за развој на капацитети за програма со цел да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за застапување, лобирање и вмрежување и за зелено претприемништво.

Прочитај повеќе...

Обука за обучувачи за финансиски менаџмент, набавки и диверзификација на финансирање

Од 28-ми до 30-ти ноември во Скопје се организираше третата од серијата обуки на обучувачи за претставници на организациите членки на Балканската мрежа за рурален развој.

Прочитај повеќе...

Прва национална обука за транспарентно и одговорно управување со граѓански организации

Првата национална обука за развој на менаџерски вештини организирана во рамките на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ се одржа во Струмица на 22 и 23 ноември 2018 година.

Прочитај повеќе...

Обука за Зелена економија и претприемништво

Проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“ организираше обука на тема „Зелената економија и претприемништво“ за претставниците на ГО од западниот дел на С. Македонија, што се одржа од 5 до 7 февруари 2020 година, во хотел Дрим во Струга....

Прочитај повеќе...

ПЛАНИРАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ КАЈ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Втората национална обука во Македонија организиран во рамки на проектот “ Вмрежување и застапување за зелена економија”, беше одржана во Охрид, од 30 јануари до 01 февруари, 2019. Повеќе од 30 претставници на граѓански организации учествуваа на оваа обука посветена на...

Прочитај повеќе...

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Третата национална обука за развивање генерички менаџмент вештини организирана во рамки на проектот “ Вмрежување и застапување за зелена економија”, беше одржана во Демир Капија, од 02 до 04 јули, 2019. Повеќе од 30 претставници на граѓански организации од Н....

Прочитај повеќе...

Планирање и известување за граѓански организации

Од 24-ти до 26-ти октомври, во Скопје, беше организирана втората од серијата обуки за обучувачи за претставници на организациите – членки на Балканската мрежа за рурален развој. Оваа втора обука која беше фокусирана на "Планирање и известување за граѓанските...

Прочитај повеќе...

ЕУ поддршка за промоција на зелена економија

На 24 и 25 септември, 21 претставник на мрежите за рурален развој на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово се собраа во Скопје за да ги зголемат своите знаења, вештини и капацитети за управување со своите организации, за да ги...

Прочитај повеќе...

Втора обука за зелена економија и претприемништво одржана во С. Македонија

Проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“, организираше уште една обука во С. Македонија, на тема „Зелена економија и претприемништво“, овој пат за претставници на граѓанските организации од источниот дел на земјата.

Прочитај повеќе...

Караван за зелена економија

На 3-ти април, во скопскиот регион, беше организиран Караван за зелена економија од страна на регионалниот проект „Вмрежување и застапување за зелена економија“, финансиран од ЕУ. Тргнувајќи во 10 часот пред хотелот „Александар Палас", Караванот, на кој присуствуваа...

Прочитај повеќе...

Мрежата за рурален развој на СМ објавува повик за поддршка на мали граѓански организации за проектни иницијативи од областа на зелената економија

Мрежата за рурален развој на СМ објавува повик за поддршка на мали граѓански организации за проектни иницијативи од областа на зелената економија. Финансиската поддршка за овој повик за мали грантови е обезбедена од ЕУ проектот „Вмрежување и застапување за зелена...

Прочитај повеќе...

Известување за резултатите од евалуацијата на апликации поднесени во рамките на програмата за подгрантирање на NAGE проектот за поддршка на граѓански организации во спроведувањето на мали проекти од областа на зеленото претприемништво

Мрежата за рурален развој во Н. Македонија го објавува завршувањето на процесот на евалуација и доделување грантови за програмата за под-грантови за зелено претприемништво на проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (НАГЕ). Повикот за...

Прочитај повеќе...