За успешно реализирање на проектните активности, има потреба од Финансиски асистент. Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на англиски јазик со назначување на која позиција аплицираат на info@ruralnet.mk,  најдоцна до 17.06.2021 год.

Опис на работното место

  • Одговорен за примена на финансиските и административните правила и прописи според процедурите на Мрежата за Рурален развој на РМ, донаторот и законите и прописите во Република МАкедонија
  • Да врши финансиски активности како што се налози за плаќање, благајна, платен промет, организација на набавки и слично.
  • Да биде одговорен за административни активности како што се :  архивирање на документи, евиденција за инвентар, набавка на канцелариски материјали
  • Поготвување на редовни извештаи за буџетот и трошоците на проектот
  • Одржување и ажурирање на базата на податоци на организацијата
  • Организирање на проектни настани/обуки и работилници
  • Дистрибуирање и складирање на коресподенција ( на пример : писма, електронски пораки и пакети)
  • Подготовка на финансиски извештаи
  • Организација на патувања и сместувања

Потребни квалификации:

– диплома за завршено високо образование
– најмалку една година работно искуство
– познавања од областа на сметководство и финансиите (предност претходно искуство во невладин сектор)
– одлично познавање на англиски јазик;
– одлично познавање на работа со Microsoft Office (посебно Excel & Word)
– напредни организациски и комуникциски вештини