Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, во соработка со ИМЕ програмата, отвора јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food hub) – Пехчево преку партнерство со бизнис секторот.

Цел на повикот за комерцијализација на Центарот за преработка на храна е преку воспоставување на партнерство со искусен оператор од бизнис секторот да се започне со континуирано работење на Центарот преку имплементација на успешен и одржлив модел на соработка со малите производители од регионот Малеш-Пијанец. Ваквиот модел на партнерство за комерцијализација на Центарот за преработка на храна ќе овозможи одлични услови за преработка на храна за избраниот оператор и за малите производители од регионот. Покрај финализација и додавање вредност на производите, операторот и локалните мали производители ќе имаат можност за воведување нови производи и технологии, подобрување на квалитетот, маркетингот и препознатливоста на производите од регионот. Преку повикот ќе се воспостави долгорочна соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, We Effect, ИМЕ програмата и Операторот, која позитивно ќе влијае врз развојот на Центарот, локалните чинители и целокупниот развој на Малешевско-пијанечкиот Регион. Со реализација на активноста се очекува да се зајакнат организациски капацитети и финансиска одржливост на ЛАГ-от и Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Со цел подетално запознавање со Центарот за преработка на храна и посета на просторот, на 15.07.2022 ќе биде организиран информативен ден, на кој заинтересираните апликанти ќе може да закажат посета и состанок со претставници од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и ЛАГ Малеш-Пијанец.

Апликантите своите предлог-решенија треба да ги поднесат електронски, на следната мејл адреса: elizabeta.r@ruralnet.mk. Крајниот рок за аплицирање на повикот е 05.08.2022 година.

 

Повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food hub)

Анекс 1: Формулар за апликација

Анекс 1А: Образец за буџет