За успешно реализирање на проектните активности, има потреба од Ко-фасилитатор на проект. Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на англиски јазик со назначување на која позиција аплицираат на info@ruralnet.mk, најдоцна до 30.05.2021 год.

Опис на работни задачи:

  • Имплементира дел од Проектните активности кои се во надлежност и одговорност на МРР наСМ во предвидените рокови согласносно со процедурите и условите за спроведување на проектот.
  • Помага во организација и координација на проектните активности, вклучувајќи работилници и обуки.
  • Одржува ефективни комуникациски и работни односи со заинтересираните страни на проектот, целните групи и партнери;
  • Изработува извештаи и документи релевантни за имплементација на проектот;
  • Ги изготвува и доставува докоординаторот на проектот сите потребни информации за спроведените активности;
  • Изготвува документација и помага во спроведувањето на набавката на услуги и добра;

 Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Познавање на проектно работење;
  • Искуство во користење на бази на податоци, интернет и компјутери
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Добри административни и организаторски способности;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Силни интерперсонални вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;