За успешно реализирање на проектните активности, Мрежата за рурален развој на Северна Македонија има потреба од Финансиски асистент на проект.

Опис на работното место:

  • Одговорен за примена на финансиските и административните правила и прописи според процедурите на Мрежата за Рурален развој на СМ, донаторот и законите и прописите во Северна Македонија
  • Да врши финансиски активности како што се налози за плаќање, благајна, платен промет, организација на набавки и слично
  • Да биде одговорен за административни активности како што се : архивирање на документи, евиденција за инвентар, набавка на канцелариски материјали
  • Поготвување на редовни извештаи за буџетот и трошоците на проектот
  • Одржување и ажурирање на базата на податоци на организацијата
  • Организирање на проектни настани/обуки и работилници
  • Дистрибуирање и складирање на коресподенција (на пример: писма, електронски пораки и пакети)
  • Подготовка на финансиски извештаи
  • Организација на патувања и сместувања

Потребни квалификации:

– диплома за завршено високо образование
– најмалку две години работно искуство во областа
– познавања од областа на сметководство и финансиите (предност претходно искуство во невладин сектор)
– одлично познавање на англиски јазик;
– одлично познавање на работа со Microsoft Office (посебно Excel & Word)
– напредни организациски и комуникциски вештини

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV на mirjana.d@ruralnet.mk и ana.d@ruralnet.mk задолжително на двете мејл адреси, најдоцна до 07.07.2022 година.