Кон крајот на јануари, претставниците на Мрежата за рурален развој на СМ како имплементатор на Програмата на УСАИД за развој на заедницата придружувани од претставникот од ЛАГ Абер-2015 посетија неколку чинители од приватниот сектор кои дејствуваат во општина Куманово. ЛАГ Абер-2015, како една од петте Локални акциски групи кои се партнери на Програмата и членки на Мрежата за рурален развој, делува на териториите на општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

 

 

Дополнително, беше остварена и средба со градоначалничката на Општина Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска во просториите на општинската зграда.

За време на овие иницијални средби, се дискутираше за главните цели кои ќе се постигнат во рамки на Програмата како и очекувани резултати и влијание за промовирање и помагање рамномерен економски развој предводен од иницијативи на локалните чинители во рурални средини.

 

 

Средбите беа позитивно прифатени од страна на сопствениците на компаниите и претставниците на општинската администрација кои изразија желба и интерес да се вклучат во активностите на Програмата.

Имено, Програмата на УСАИД за развој на заедницата особено ќе се фокусира на вклучување на приватниот сектор и поддршка во обезбедување на финансии на локално/регионално ниво, поврзување на различни извори на финансирање и поддршка во градење на капацитети.

Програмата ќе го предводи процесот на континуирана промена, надградувајќи локални иницијативи, промовирајќи одржливо користење на земјиштето и локалните ресурси, мобилизирајќи знаење и амбиции на локалните заедници во духот на иновација за подобар живот и застапување пред локалните и националните чинители.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.