Продолжуваат средбите со локалните чинители кои се дел од развојот на локалните заедници! Претставниците од Мрежа за рурален развој на СМ како имплементаторски тим на Програмата на УСАИД за развој на заедницата и ЛАГ Бојмија разговараа со сопственици и претставници на неколку успешни компании од Гевгелија.

 

 

На средбите беше презентирана Програмата со сите нејзини можности за рамномерен економски развој и очекувани резултати кои ќе го направат овој регион подобро место за живеење за сите жители благодарение на ангажираноста на сите чинители, вклучувајќи го и приватниот сектор.

Дополнително, беа остварени средби со претставник од Општина Валандово и со градоначалникот на Општина Богданци – Блаже Шапов. Овие две општини заедно со општините Гевгелија и Дојран ја формираат територијата која ја покрива Локалната акциска група Бојмија.

Некои од темите за кои се разговараше беа вклученоста на општините во развојот предводен од локалните чинители, развојот на овој регион и начините за постигнување на истиот преку Програмата на УСАИД за развој на заедницата што беше пречекано со позитивен став и изразен интерес за вклучување и понатамошна соработка.

Програмата на УСАИД за развој на заедницата е имплементирана од Мрежа за рурален развој на СМ во соработка со ЛАГ Плачковица, ЛАГ Малеш-Пијанец, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Абер-2015 како и СЕГ Холдинг.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.