Една од целите на Програмата на УСАИД за развој на заедницата е да покаже дека рамномерен и одржлив развој на руралните средини е возможен со заедничка соработка на сите локални чинители кои ќе учествуваат во идентификување и приоретизација на вистинските проблеми на заедницата и заедно ќе осмислат и реализираат одржливи решенија како одговор на овие проблеми.

 

 

Дел од целните 18 општини на Програмата се и општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица кои спаѓаат во територијата на ЛАГ Беласица Огражден. Затоа, претставници од Мрежа за рурален развој на СМ и ЛАГ Беласица Огражден остварија средба со градоначалникот на Општина Босилово – Ристо Манчев, градоначалникот на Општина Василево – Славе Андонов и градоначалникот на Општина Струмица – Костадин Костадинов.

Програмата на УСАИД за развој на заедницата беше во фокусот и на посетите на дел од компаниите од приватниот сектор во овој регион. Начините за вклучување на овој сектор во активностите на Програмата како и очекуваните резултати, цели и можности беа некои од темите за кои се дискутираше.

 

 

За време на средбите беше особено истакната потребата од унапредување на соработката помеѓу единиците на локалната самоуправа, чинителите од приватниот сектор како и сите останати чинители во заедницата со цел подобрување на руралниот развој.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.