Работилница за новинари
Во пријатна атмосфера и дружење поминаа двата дена од работилницата која беше наменета за новинари, а ја организираше Мрежата за рурален развој на Република Македонија, на 2 и 3 јули во винаријата Попова кула, Демир Капија.
Во пријатна атмосфера и дружење поминаа двата дена од работилницата која беше наменета за новинари, а ја организираше Мрежата за рурален развој на Република Македонија, на 2 и 3 јули во винаријата Попова кула, Демир Капија.
Повеќе од 30 претставници на различни организации од Преспанскиот регион присуствуваа на работилницата чија цел беше јакнење на јавната свест за ефектите и предизвиците од климатските промени во земјоделството, организирана од страна на Мрежата за рурален развој на РМ во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Денес, 04.09.2012, во хотел „Оаза“ во Штип, со почеток во 11:00 часот, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија, организира работилница со цел јакнење на јавната свест за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделскиот сектор во Македонија.
Една од целите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија е зајакнување на капацитетите на МРР на РМ и нејзините членки.
Климатските промени, кои се манифестираат преку долги сушни периоди, намалени врнежи, но и константно зголемување на температурите на месечно и годишно ниво, имаат особено штетно влијание во земјоделството.
По првичната имплементација на активности за адаптација кон климатските промени во демонстративни овошни, зеленчукови и лозови насади во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, за земјоделците корисници на проектот беше обезбедена редовна техничка помош за правилна апликација на специфичните адаптивни мерки од страна на технички експерти.
Проектните активности на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени се креирани врз основа на позитивните искуства од интернационалните практики за адаптација на земјоделското производство кон климатските промени, прилагодени на нашиот терен и климатски околности.
Врз основа на потребите од обуки на членките на Мрежата за рурален развој на РМ, кои беа идентификувани во рамки на активностите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, беше подготвен соодветен акциски план.
Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија предвиде реализација на активности поврзани со промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во општини од југоисточниот плански регион во кои влијанието од климатските промени се одразува негативно врз севкупното живеење на руралните домаќинства.
На 13 декември 2013 год, во Росоман, со почеток во 15:00 часот, Мрежата за рурален развој организираше работилница со цел да ги сподели искуствата и резултатите од адаптивните земјоделски практики, имплементирани и тестирани во периодот од започнувањето на спроведувањето на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, април 2012 год., до денес.
Заменик директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Весела Ламбевска Домазетова, заедно со претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Лидија Чадиковска, учествуваа во програмата за меѓународни лидерски посети, наречена “Прилагодливост кон климатските промени”, спонзорирана од страна на Стејт Департментот на САД, а администрирана од страна на невладината организација Светско Учење.
На 21 февруари 2014 год. во Битола, Мрежата за рурален развој на Република Македонија организираше работилница наменета за советници од АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството) и земјоделци, со цел да им ги претстави придобивките и резултатите од земјоделските мерки за адаптација кон климатските промени, кои изминатите две години беа тестирани и демонстрирани во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Како дел од активноста за градење на капацитетите на Мрежата за рурален развој на РМ, спроведувана во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, на 7ми и 8ми јули во Скопје, беа организирани две обуки на кои беа поканети организациите-членки на МРР на РМ.
Денес, 7 ноември, во рамките на Меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд“, во Скопје, со почеток во 11:00 часот, Мрежата за рурален развој на Република Македонија во соработка со Скопски саем организираше работилница со цел да ги презентира резултатите добиени од досегашните активности спроведени преку проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
На 23 декември, во Гостивар, Мрежата за рурален развој на Република Македонија одржа работилница со цел промоција на Студијата за адаптација на анималното производство во Република Македонија спрема климатските промени.
Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија продолжува со спроведување на ЛЕАДЕР пристапот во Источниот плански регион преку јакнење на капацитетите на сите чинители од четирите општини: Берово, Пехчево и Македонска Каменица.
Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија реализираше низа на активности поврзани со промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во 4 општини од југоисточниот плански регион и тоа
На 27 април, во Делчево, Мрежата за рурален развој во Република Македонија ја организираше третата работилница во рамки на процесот на запознавање на чинителите со ЛЕАДЕР пристапот и градење на нивните капацитети за оваа идна ИПАРД мерка во Република Македонија.
По првичните промоции на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Дојран и Штип, Мрежата за рурален развој започна да организира работилници за подетално запознавање со ЛЕАДЕР методологијата и нејзините седум карактеристики:
Заради појавата на болеста „Јазлеста кожа“ кај говедата, Мрежата за рурален развој на РМ, во рамки на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, започна со организирање на работилници за едуцирање на сите засегнати страни во врска со оваа болест која е директен резултат на климатските промени.
Мрежата за за рурален развој во Република Македонија во рамките на Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, на барање на Сојузот на пчеларски здруженија на Република Македонија на 6-ти декември во Скопје, организираше Округла маса на тема: “Влијанието на климатските промени врз пчеларството”.