Денес, во Скопје, Мрежата за рурален развој на РМ и инвестициската група М6 потпишаа Меморандум за соработка за поставување на метеоролошка станица на локацијата „Лепово“, неготинско, сопственост на М6.
На 30.11.2012, во хотел „Континентал“, Скопје, со почеток во 11:00 часот, Мрежата за рурален развој организираше работилница со цел споделување на искуствата од досегашните активности и добиените првични резултати од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Денес, 09.11.2012, во рамките на Меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд“, во Скопје, со почеток во 11:00 часот, беше организирана конференција на тема Влијанието на климатските промени во земјоделството, од страна на Мрежата за рурален развој на Република...
Мрежата за рурален развој на Република Македонија како спроведувач на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, има за цел во рамки на двете проектни компоненти да развива и пренесува земјоделски практики за адаптација кон климатските промени и да ја зајакне свеста на земјоделските производители и пошироката јавност за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделството.
На 9 мај, Караванот за климатски промени организиран од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени го започна своето патување низ Македонија.
Во рамките на УСАИД проектот за адаптација на земјоделството кон климатските промени се започна со подготовка на „Студија за адаптација на сточарството кон климатските промени во Македонија“.
Со настанот во Свети Николе на 26 септември, Караванот за климатски промени организиран од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, ја заврши есенската кампања со последната од вкупно четири посети низ земјава.
На 9 мај, во средното земјоделско училиште „Гоце Делчев“ во Валандово, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени организираше Квиз за климатски промени.
На 5 ноември, беше одржана презентација на две студии за климатски промени објавени од страна на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени – едната е фокусирана на ефектите од климатските промени врз земјоделскиот сектор во Македонија, а другата е со фокус на нивното негативно влијание врз сточарството.
Во среда, на 11 февруари 2015 год., во општинската зграда на Берово, Мрежата за рурален развој на Република Македонија одржа иницијален состанок за промоција на ЛЕАДЕР пристапот во источниот плански регион на Македонија.
Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) преку проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени поддржа проектни иницијативи спроведени од членки на МРР кои имаа за цел да ги промовираат руралните средини и да придонесат во развојот на руралниот туризам во земјава.
Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) во текот на изминатата година спроведе активности за пилотирање на ЛЕАДЕР пристапот во Југоисточниот плански регион.
Денес, во Боговиње, децата од шест општински училишта, низ многу забава и игра, учеа за штетните последици од климатските промени и како да се намалат негативните ефекти врз локалната средина.
На 3 декември во Битола, Мрежата за Рурален развој на РМ преку проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени ги презентираше појдовните мерења за влијанието на топлотниот удар врз млечноста на кравите.
По презентацијата на појдовните мерења во сточарството, одржана во Битола, која помина со бројна посетеност од сточари и советници на АПРЗ од западниот дел на Македонија, Мрежата за рурален развој на РМ, на 10 декември, организираше уште една ваква презентација, овој пат во Струмица.
На 21 декември, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени презентираше сеопфатен извештај за наодите добиени од тригодишното тестирање на различни ефикасни и воедно исплатливи практики што ќе им помогнат на земјоделците да ја намалат ранливоста на земјоделското производство од негативното влијание на климатските промени.
На 18 февруари, во хотелот Романтик, Дојран, Мрежата за рурален развој (МРР на РМ) заедно со Центарот за развој на југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР), одржа информативна работилница, на која ги презентираше активностите поврзани со EU LEADER пристапот и даде осврт на значењето на LEADER како идна ИПАРД мерка во Република Македонија.
На 22 февруари, во Штип, беше промовиран ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, пред повеќе од 30 претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од источниот плански регион на Р. Македонија.
На 31 март, во Струмица, со заедничка соработка на проектот „Институционална подршка на Федерацијата на фармерите на РМ“ We Effect – ФФРМ, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени и Амбасадата на Кралството Шведска, беше организирана првата Национална конференција на тема „Македонското земјоделство и климатските промени“.
На 26 и 27 мај, претседателот на Европската ЛЕАДЕР асоцијација за рурален развој – ЕЛАРД, г-ѓа Кристина Таметс, ја посети Македонија заедно со двајца претставници на Националната мрежа за рурален развој на Естонија и Министерството за рурален развој на Естонија.
На 4 ноември, во Штип, Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) го организираше настанот „ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници“ со цел да претстави 4 иницијативи за формирање на Локални акциски групи (ЛАГ-ови) создадени во согласност со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот.
Повеќе од 100 земјоделци и советници на АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството), на 10 ноември 2016 год., се собраа во Бизнис салата на Скопскиот саем, за да дознаат какво влијание имаат климатските промени во сточарството и да научат како да го зачуваат производството.
На 15 декември 2016 год., во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени со свечен настан ги одбележа резултатите од петгодишната успешна работа во воведување на едноставни и исплатливи земјоделски адаптивни практики кои адресираат значаен проблем како што се климатските промени.